СДСМ: И Статистика потврди дека се зголемува бројот на млади без работа, итно е потребна новата Влада!

Дури и контролираниот Државен завод за статистика не може повеќе да сокрие дека младинската невработеност се зголемува. Лани над 48 проценти од младите од ДЗС биле регистрирани како невработени.

Светска банка алармираше за младинска невработеност од 53% во Македонија.

Ова претставува сериозен проблем за економската иднина на земјата. Затоа најмалку 626.312 илјади граѓани заминаа од Македонија, од кои најголем број млади.

Ова потврдува зошто мора итно да се овозможи формирањето на новата реформска Влада.

Преку младинска гаранција за вработување, пракса или дошколување по завршувањето факултет, преку старт ап центри со бесплатен деловен простор, поволни кредити за микро бизниси, основање фирма со 1 евро…ќе ги отвориме перспективите за вработување, напредок и кариера на младите и ќе ги мотивираме да работат и живеат во Македонија, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e