СДСМ: Просечната плата во здравството изнесува 29.763 денари – за над 4.700 денари повеќе во однос на мај 2017

„Просечната плата во здравството денес изнесува 29.763 денари. Тоа е за над 4.700 денари повеќе во однос на мај 2017 кога таа изнесувала безмалку 25.000 денари“,соопштуваат утрово од СДСМ.

„За споредба, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата во здравството за седум години пораснала само за нешто помалку од 3.200 денари.

Растот на просечната плата во здравството од над 4.700 денари за само две и пол години покажува дека сме на прав пат.

Со таквото зголемување на платите ги мотивираме медицинските работници да останат во јавното здравство, а граѓаните да добијат поквалитетна здравствена грижа.

Во рамките на мерките за подобрување на здравствениот систем е и зголемувањето на бодот за капитација на матичните лекари, стоматолози и гинеколози како и зголемените коефициенти за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа.

Остануваме посветени на реализација на мерките што носат повисоки плати и поквалитетна здравствена заштита.

Платите во здравството ќе продолжат да растат, бидејќи здравјето на граѓаните е наш приоритет“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e