СДСМ: Продолжува реализација на капитални локални проекти, обезбедени два милиони евра за реконструкција на Универзална сала

„Ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од страна на парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, покрај помош и поддршка за граѓаните, економијата и здравствениот систем во борбата со коронакризата, обезбеди можност за финансирање на 19 капитални инвестиции во повеќе општини низ државата.

Со 120 милиони денари или близу два милиони евра, целосно ќе биде обновена Универзалната сала, омилениот културен објект на генерации скопјани, кој го враќаме на граѓаните, музичарите и уметниците.

Со реконструкцијата, салата ќе го задржи постојниот внатрешен и надворешен изглед, како и својот архитектонски стил и автентичност.

СДСМ како одговорна партија и во време на сериозна светска економска криза, обезбедува сериозни капитални инвестиции, за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e