СДСМ: Предлогот на Мицкоски за мерки е само сублимат од изјавите на Ковачевски за енергетика

Таканаречените предлог мерки во енергетиката на Христијан Мицкоски не се ниѓто друго освен сумбилат од досегашни изјави на премиерот Димитар Ковачевски за чекорите што се преземале и ќе се преземаат во енергетскиот сектор, порачаа денеска од СДСМ преку соопштение.

Владата донесе конкретни мерки кои ќе значат сериозна помош за граѓаните, стопанството и останатите субјекти за полесно справување со последиците од светската енергетска криза.

Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика со кого заедно ја зголемија двојно цената на електрична енергија во време кога немаше никаква енергетска криза, а струјата на берзите беше далеку поевтина.

Ако Мицкоски сака да помогне, нека разговара со своите пратеници за тие да престанат со опструкции и уште денеска во Собранието да бидат изгласани законите кои се потребни за непречено снабдување со енергенси, децидни се од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e