СДСМ: Партнерот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица против декларацијата за Украина

„Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, денеска гласаа против Декларацијата за Украина во македонското Собрание.

Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина.

Коалицискиот партнер на Мицкоски, Димитар Апасиев веќе ги користи зборовите на Путин. Денеска и пратеникот Крмов ги нараче Украинците неонацисти.

Да се поддржува воена агресија врз суверена држава е недозволиво, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина.

Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието но и на локално ниво во многу општини.

Кој е ставот на Христијан Мицкоски за поддржувањето на воената агресијата на Русија врз Украина од страна на неговиот партнер Левица?“, прашуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e