СДСМ: Нови сваровски судии не го спасуваат Груевски

Соопштение за јавност

Осомничениот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да се спасат од десетгодишниот криминал преку дополнителна партизација на судството.

Има ли поголем доказ за тоа дека се преплашени од правдата и од судско гонење од тоа што во понеделник си закажаа седница на Републичиот судски совет за избор на нови 29 сваровски судии.

Груевски очигледно не може да сфати дека со секој нов потег само повеќе си ја открива паниката во јавноста. Џабе, Никола, судии од тефтерот, Македонија ќе биде правна и праведна држава и секој што го прекршил пред законот ќе одговоара.

Нема веќе заштитени ѕверки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e