СДСМ: Нови антикризни мерки од над 350 милиони евра, никој нема да биде оставен сам во кризата

„Нови антиктизни мерки од над 350 милиони евра, никој нема да биде оставен сам во кризата

СДСМ во време на една од најтешките економски и енергетски кризи во светот усвои нов пакет антикризни мерки вреден 350 милиони евра.

Пакетот предвидува 3.000 денари месечно во наредните 4 месеци за 42.000 граѓани од ранливните категотии.

Помош од 3.000 денари месечно и за невработените лица корисници на паричен надоместок (стечајните работници) и за самохраните родители приматели на гарантирана минимална помош.

Помош од 6.000 денари ќе добијат 92.000 пензионери со пензии до 11.525 денари, а 3.000 денари над 66.000 пензионери кои земаат пензија од 11.526 до 14.000 денари.

Во време на енергетска криза останува на сила мерката за субвенционирање на сметките за струја до 80% за 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи. Со новите мерки поддршка за снабдување со струја ​ поддршка добиваат сите 365 основни и 109 средни училишта.

За стопанството се проширува поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, тука е и нова кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, како и зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена.

Се грижиме за граѓаните, пензионерите, за работниците, за најзагрозените.

Со СДСМ никој нема да биде оставен сам во кризата“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e