Средствата за национална поддршка во земјоделството и руралниот развој од ИПАРД програмата за оваа година имаат реализација од 99 %.
Ова е историска година во која државата, предводена од СДСМ за прв пат не плаќа пенали за неискористување на овие европски средства.
Преку ИПАРД 2 програмата досега се склучени 1.441 договор со вкупна вредност од 32,2 милиони евра.
Благодарение на мерките и на политиките на СДСМ за развојот на земјоделството и искористеноста на средствата од националната програма за поддршка во земјоделството и руралниот развој има реализација од 100 %.
Веќе е објавен јавниот повик со кој на граѓаните, за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи на располагање им се ставени нови 13,3 милиони евра.
Со овој повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестират во опрема и отварање на преработувачки капацитети.
Преку осовременување на постоечките и отварање на нови производствени капацитети ќе се зголеми производството, пласманот на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи.
Финансиските средства се доделуваат како неповратни поддршка со кофинансирање.
Притоа 75% од средствата се обезбедени од ИПАРД 2014-2020 а 25% од Буџетот на државата. СДСМ уште еднаш потврдува дека во фокусот е развојот и унапредувањето на преработувачките капацитети во агро секторот.
СДСМ посветено се грижи за земјоделците, преку бројните програми и мерки, како што се: финансиската поддршка за младите фармери од 20 илјади евра, поддршка за жените земјоделки, зелената нафта, навремената и неселективна исплата на субвенциите, решавањето на проблемите со откупот.