СДСМ на Конвенцијата одржана во Стокхолм е избран да стане дел од Бордот на Прогресивна Алијанса

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, на Конвенцијата одржана во Стокхолм, Кралството Шведска е избран да стане дел од Бордот на Прогресивна Алијанса.
Одлучено е, во Бордот, највисокото тело што ги дава политичките насоки и решава за најважните организациски и политичи прашања на Прогресивна Алијанса да бидат членови претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
„Ова е голема чест и голем меѓународен успех на СДСМ.
Прогресивна Алијанса е меѓународно движење на прогресивни сили од цел свет. Има повеќе од 140 партии и организации од над 80 земји низ целиот свет. И ние ја добивме честа да го водиме и да го предводиме ова движење” изјави премиерот Заев по изборот.
 „Во бордот на Прогресивна Алијанса се и премиерите на Шведска, Португалија и Шпанија и премиерките на Данска и на Нов Зеланд.
Во бордот се и главните лидери на опозицијата во Австралија, Австрија, Норвешка, Холандија, како и други политички лидери од цел свет.
Заедно со нив ќе ја водиме глобалната коалиција на прогресивни сили и ќе создадеме подобро утре за сите нас.
Нашата политичка мисија е да инвестираме во луѓето, исто како нашите партиски другари од другите социјалдемократски партии”, рече претседателот на СДСМ, Заев.
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска констатираше дека “нашите успеси се препознаени”.
“Нашите резултати се почитувани. Тука сме бидејќи докажавме дека сме носители на социјалдемократски промени дома, но и во нашиот регион.
Целосно ја споделуваме и поддржуваме мисијата на Прогресивната Алијанса: да има мир и еднаквост во светот, 21. век да биде век на демократија, социјална правда и еколошки развој. Нашите вредности и цели се исти со Прогресивната Алијанса. Ја вративме еднаквоста во општеството и ја унапредуваме родовата рамноправност. Ние покажавме дека може да има пристојна работа и фер приходи и да се намали сиромаштијата. Ја покачивме минималната плата, создадовме раст на платите, раст на пензиите и го зголемивме социјалниот пакет за 300 проценти.
Инвестираме во посилна социјална заштита, подобро здравство и подобро образование, и создаваме нови можности за младите, изјави заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска по изборот во Бордот на Прогресивна алијанса.
Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ