СДСМ: Малиот број присутни е јасна порака од граѓаните до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – нивните деструктивни политики се поразени

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат покажаа дека немаат никаква идеја, никаков план, никаква програма ниту предлог во интерес на граѓаните.

Заглавени во последната форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски, Мицкоски нуди само деструкција и враќање назад. Ништо друго.

Малиот број присутни граѓани на синоќешниот собир е јасна порака до антизапдниот Мицкоски и врвот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ дека деструкцијата, одбраната на криминал и црнилата кои 11 години ја уништуваа Македонија се поразени.

Граѓаните нема да дозволат Македонија да се врати во темното минато на корупција, неизвесност и неказнивост.

Македонија чекори напред, економијата расте, има повеќе пари за граѓаните, растат платите, државата стана рамноправен партнер на демократскиот свет, на чекор сме до полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Македонија излезе од црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и тргна кон светла иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на неговата партија остануваат во темното минато, заглавени во одбрана на криминалот на Груевски, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e