СДСМ: Љутфиу и Ристовски да одговорат – каде исчезнаа околу 3.000 првачиња?

Соопштение за јавност

Министерот за образование Пиштар Љутфиу и неговиот заменик Спиро Ристовски на јавноста и должат одговори на почетокот на оваа учебна година.

Освен што излажа дека се е подготвено за почеток на новата учебна година, кога очигледно не е, Спиро Ристовски на јавноста треба да и одговори каде исчезнаа околу 3.000 првачиња кои требаше да започнат да одат на училиште вчера?

Спиро Ристовски тврди дека досега има запишано 21.250 првоодделенци, а се надева дека „ќе дојдеме на бројот некаде минатата учебна година“, кога според Заводот за статистика биле запишани 21.562 првоодделенци.

Сепак, според статистичките податоци, во 2010 година се родиле 24.296 деца, односно наталитетот бил зголемен во однос на 2009, кога се родиле 23.684 деца.

Како дојдовме во ситуација, од 24.296 деца родени во 2010 година, да имаме 21.250 првоодделенци во учебната 2016/2017 година, односно за 3046 првоооделенци помалку?

Дали ова е резултат на пустошот кој го остави власта во заминување, која ги натера луѓето масовно да се иселуваат?

На граѓаните им е доста од ретроградни политики кои ја уништуваат државата.

Новата влада на СДСМ ќе го врати достоинството на образованието, и ќе ги запре катастрофалните економски политики кои ги иселуваат граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e