СДСМ: Ковачевски ги покачува пензиите, оваа година поголеми пензии за 10%

„Ковачевски ги покачува пензиите, оваа година поголеми пензии за 10%

Владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се грижи за сите пензионери и во услови на криза продолжува покачувањето на пензиите.

Од почетокот на годината пензиите на сите 330.000 пензионери се поголеми за 10 отсто.

Согласно новата методологија, пензиите годинава се покачени во два наврати, во септември за 6,8 отсто и претходно во март за 2,9 проценти.

На ниво на просечна пензија само со последното покачување од 6,8% значат дополнителни 1.200 денари месечно плус за пензионерите кои примаат просечна пензија а повеќе и за оние со над просечната пензија.

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период од 12 месеци, ќе се искачат за околу 16 отсто.

Растот на пензиите се должи на новата методологија, според која пензиите два пати годишно се усогласуваат со растот на просечната плата и растот на трошоците на живот.

Воспоставениот метод за усогласување на пензиите, утврден низ инклузивен пристап и дијалог со засегнатите страни гарантира, системско, а не паушално, зголемување на пензиите, независно од нечија политичка волја.

Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат навремено“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e