СДСМ: Исплатени над 512 милиони денари на 23.524 субјекти во земјоделството

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка, порачуваат од СДСМ.

Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплатени се над 512,5 милиони денари на 23.524 субјекти.

Се работи за исплата на директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари.

На сметките на малите земјоделски стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години, исплатени се 54,5 милиони денари, додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари.

Во текот на 2020 и 2021 година се доделија 540 договори за набавка на нови трактори, со што 540 земјоделци ќе добијат можност да ја обноват својата механизација за подобра обработка на нивните посеви и за оваа цел одвоени се 206 милиони денари.

Во изминатата година и почетокот на 2021 одобрени се и потпишани 265 грантови за млади земјоделци во висина од 20.000 евра за набавка на опрема за преработка на земјоделски производи, пчеларска опрема, опрема за производство на вино, молзни системи и опрема за фарми.

Во време на криза не изостана и поддршката за земјоделците и агросекторот од ИПАРД програмата.

Во текот на 2020 година и почетокот на тековната 2021, потпишани се 507 ИПАРД договори за инвестиции вредни 1.35 милијарда денари.

Во период од 15 месеци кога беше отежнато работењето и функционирањето на институциите се склучија договори и партнерски однос со над 1280 субјекти за нови инвестиции вредни 30 милиони евра.

Поддршката е реална и неселективна и е достапна до секој земјоделец.

СДСМ останува посветена во заложбите за подобар живот за сите земјоделци, порачуваат од партијата во денешното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e