СДСМ: Граѓаните сами гледаат дека каналите не се исчистени

Граѓаните многу добро гледаат колку се исчистени каналите. Токму затоа и после овие обични врнежи од дожд стравуваа за својата безбедност.

ЈП Водостопанство Скопско Поле во програмата за 2016 презентирана пред Општина Гази Баба се има обврзано дека ќе го исчисти ободониот канал од село Сингелиќ во должина од 1200 метри рачно и машински.

Сосбојата на терен покажува дека ова не е направено.

Поплавите и штетите од поплавите се резултат на несоодветни инфраструктурни решенија, а не на повисока сила која не може да се предвиди ниту спречи.

Сите кои придонеле за ваквото загрозување на животите на граѓаните, ќе одговараат!

По 11 декември доаѓа нова одговорна власт на која животот и безбедноста на граѓаните ќе и биде на прво место. –  стои во реакцијата од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e