СДСМ: Гафот на Делев го издава Груевски, Македонија ќе ја гасифицира новата Влада

Заменикот министер за економија Христијан Делев ја заокружи сликата на неспособност и незнаењето на Владата на осомничениот Никола Груевски да ја гасифицира Македонија.

Делев најавува дека следната недела ќе аплицирале за набавка на природен гас од Будимпешта, Унгарија, но каде ќе аплицираат кога во Будимпешта постои само локална берза за природен гас на којашто се тргуваат само многу мали количини?

Пазарот на природен гас согласно Законот за Енергетика[1] е либерализиран, но Република Македонија не се јавува никаде како сопственик на компанија којашто врши трговија со природен гас. Така што, во кое својство заменик министерот ќе оди да преговара со меѓународни добавувачи на природен гас? Во својство на член на Владата, којашто при тоа нема компанија за трговија со природен гас, или како претставник на некоја нова фирма којашто треба да се појави на пазарот со природен гас во Македонија?

– Може ли Делев да објасни како ќе стигне гасот од Будимпешта во Македонија, кога до Македонија има само еден коридор штотргнува од Русија, преку Украина, Молдавија, Романија и Бугарија и при тоа никаде нема можност за приклучување кон други извори за снабдување со гас на таа гасоводна линија.

Најавата на Делев е само панична реакција на изгубената власт, исто како и вчера најавениот наводен почеток на изградба магистрален гасовод од страна на Груевски.

По примерот на Струмица и Куманово, Македонија ке ја гасифицира новата Влада, по промените што ќе се случат многу брзо. – реагираат од СДСМ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e