СДСМ: Деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е најцрната деценија на нашата држава

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која не само што продава лажен патриотизам, таа гласно навиваше против интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ, против напредокот и против реформите. – реагираат од владејачката СДСМ.
 Деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е најцрната деценија на нашата држава. – велат од партијата.
-Стагнација, изолација,затвореност,неизвесност,скарани со сите соседи, тоа ја одбележа деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Поделба на граѓаните и  поделба на медиумите,без право на глас, без независно новинарство.

Кодот на ВМРО-ДПМНЕ за кој зборува Мицкоски е код на обнова на режимот. Лажната загриженост за државата и граѓаните веќе не им проаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Имаа време од една деценија нешто да направат. Но, за државата и за граѓаните не направија ништо. – стои во соопштението од СДСМ.
Единствено за што се грижат е како да се обнови режимот со кој ќе продолжат по патот на заштита на криминалот и криминалците, но на 12-ти април граѓаните ќе гласаат за напредок, за развој, за интеграција, ќе потврдат дека државата е на прав пат! – порачуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e