СДСМ: Бертелсман индексот за трансформација ги потврди одговорните и државнички политики на СДСМ

„Државничките и одговорни политики на СДСМ и владата што ја предводи уште еднаш добиваат меѓународно признание.

Во извештајот на Бертелсман индексот за трансформација (БТИ) е наведено дека Северна Македонија бележи напредок според поголем број критериуми, споредбено со периодот пред четири години. Извештајот нотира дека нашата држава има генерален скок од 14 места на листата, а поединечно е забележан напредок од 19 места во индексот на владеење.

Северна Македонија сега е рангирана на 30-то место, а позади нас се Албанија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Во врска со индексот на владеење каде што е забележан најголем напредок, нашата држава е подобро оценета од Хрватска, Романија, Унгарија, Бугарија, Полска, Србија, Косово, Албанија… со што Северна Македонија е лидер во регионот според индексот за трансформација.

Во Извештајот се наведува дека по 11 години десничарско и конзервативно владеење актуелната влада е решена одново да ги изгради институциите и да ја возобнови демократијата. Практично, забележаниот прогрес во повеќе сфери се должи на искрениот, транспарентен и демократски принцип на владеење што го практикува СДСМ. Ваквиот граѓански концепт ќе го градиме и во иднина.

Затоа што нашиот фокус и натаму остануваат граѓаните, демократијата, правдата и економијата, овој Бертелсман индекс за трансформација ќе бележи напредок и во следните години затоа што СДСМ ја води државата во вистинска насока.

Овој Извештај е потврда на исправните и применливи политики кои ги спроведуваме.

Решавањето на тридеценскиот спор со Грција околу името ги отстранило главните препреки за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ и се додава дека сетот реформи на правосудството има за цел да ја намали политичката контрола и да ја воспостави независноста на судството. Ова е потврда дека Северна Македонија е на прав пат и дека ќе продолжиме со реформите во судството и администрацијата со цел да завладее правната држава која целосно ќе ги искорени криминалот и корупцијата“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e