С. Македонија ќе прими украински бегалци, еден веќе е во Куманово

Македонија се подготвува да прифати бегалци од Украина, пренесува „Алсат“.

Додека државата го подготвува планот за цивилна вонредна состојба, во Македонија пристигнаа веќе 4 бегалци од Киев – 3 Украинки во Скопје и 1 Украинец во Куманово се сместени кај нивни блиски.

Како што пренесува „Алсат“, Министерството за труд и социјална политика планира да обезбеди легла во два студентски домови, Гоце Делчев и Пелагонија, во детскиот дом „25 Мај“, како и во некои хотели во Скопје и Охрид.

Засега нема официјална потврда за пристигнувањето на украински бегалци во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e