Рускоска пристигна во Кривичниот суд, приведена и Јасна Мандиќ

Обвинителката Вилма Русковска вечерва пристигна во Кривичниот суд, каде се очекува да биде донесена една од осомничените во истражната постапка против пет физички и едно правно лице, за која се бара мерка притвор поради, за како што се наведува, постоење основано сомнение за помагање при извршување на кривичното дело „измама“.

Дел од медиумите повикувајќи се на извори во истрагата објавија дека станува збор за Јасна Мандиќ, потрпетседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“.

Во истражната постапка што се спроведува по наредба на Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, првоосомничениот се сомничи дека сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „измама“, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e