Родилката од Кичево била задушена од неправилно поставен тубус?

Родилка Дебора Џамбази која почина при породување, била задушена поради неправилно поставен тубус кој наместо кон белите дробови бил поставен кон хранопроводот. Така воздухот наместо во белите дробови бил насочуван во цревата, а при направената обдукција се увидело дека цревата се полни со воздух, неофицијално дознава Нова ТВ од извори во истрагата.

Како што дознава Нова ТВ , случајот е комплетиран уште пред една недела, а Извештајот е предаден на министерот.

Родилката Дебора Џамбази познат стоматолог од Кичево почина при породување со царски рез во приватната болница Моја болница (Санте Плус).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e