Ременски: Не видов докази против мене

„Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред Обвинителство“.

Ова го изјави пратеничката Фросина Ременски по излегувањто од Обвинителството, а во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“.

Таа тврди дека веќе „два дена гледала се, само докази не“.

Ременски посочи дека „немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во обвинителството“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e