Ременски: Ќе објавам документи, соопштението за одбиената тужба ќе стане смешно и жално

Пратеничката Фросина Ременски преку Фејсбук статус го коментираше отфрлањето на тужбата која ја поднела против ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

„Експресно медиумско информирање за отфрлање на кривична пријава за која до сега прашал, објавил и се заинтересирал само еден медиум и вест во која никој не знае или не сака да знае кој е прв, втор и трет во пријавата и што направил. Нека поминат празничните гозби и радости, пред да ги објавам сите документи за случајот и ова соопштение да стане смешно и жално, и да се види како парламентарниот надзор пред кој се лажело е исмеан со ова соопштение и како лажењето е “законско”. Можеби ќе има ист експресен медиумски интерес“, напиша Ременски.

Инаку денеска беше објавено дека надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e