Ременски: Формирањето на ДИК не смее да биде под закана на опозицијата

Попречувањето на формирање на ДИК од страна на опозицијата, што треба да ги спроведе демократските процеси во Македонија, не смее да биде под директна закана и условеност на дезориентираната опозиција, напиша на социјалните мрежи пратеничката од СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, по негодувањето на опозицијата за предлогот на Владата на РМ Државната изборна комисија да се бира со апсолутно наместо со двотретинско мнозинство.

Според Ременски, премногу е сериозен предизвикот за иднината на граѓаните и држават, за формирањето на ДИК да биде предмет на пазар за бегање од одговорност.

„Никој нема право да одлучи да им го попречи правото на граѓаните да го остварат своето референдумско право на глас“, напиша пратеничката.

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се наведува дека целта е да се деблокира процесот за избор на ДИК. Од Владата бараат измените на изборниот законик да се гласаат по скратена постапка, но опозицијата не се согласува со овој предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e