Реакција на Еуромакс на протестот пред Влада: Иловица-Штука ќе донесе инвестиции и илјадници работни места

„Проектот Иловица-Штука е проект од национално значење. Исто така тој е најголемиот проект за странски директни инвестиции во Македонија.
Направивме повеќегодишни истражувања на влијанијата врз животната средина, дизајнирање на проектот, спроведување проценки на влијанието и работење со локалната заедница за да го подобриме дизајнот“, реагираат од Еуромакс Рисорсес на протестот пред Владата.

„Еуромакс е посветен на заштита на животната средина и одржливоста на проектот. Ниту еден научник или инженер не смета дека има безбедносни проблеми со рудникот. Рудникот ќе ги користи најновите технологии од Америка и Европа и ќе финансираме независно тестирање за да се обезбеди дека се придржуваме на нашите ветувања.

Ние разбираме дека локалните земјоделци се горди на своите производи и тоа нема да се промени. Нема да има влијание врз земјоделството. Проектот нема да ја намали водата за наводнување. Нема да загадува. Тоа нема да ги намали приносите на земјоделски култури. Нема да влијае на органското земјоделство.

Рударските проекти ширум светот живеат во склад со локалните заедници и со локалното земјоделство. Такви примери има тука во Македонија и на други места на Балканот.

Проектот ќе донесе инвестиции, ќе донесе илјадници работни места, а од нашите даноци ќе вложува со подобрување на локално образование и здравствена заштита, како и за национални социјални програми. Како најголема странска директна инвестиција ќе имаме позитивно влијание врз националната економија.

Имаме неколку активности во Скопје околу дозволите и во моментов бараме решение за ситуацијата преку судовите. Еуромакс останува сигурен во својата правна позиција“, се додава во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e