Рангелова: Мицкоски за референдумот рече да одлучиме сами што да правиме, дури и ако сакаме да гласаме „за“

По гласањето, ја интензивирав комуникацијата со Нола, зошто сметав дека немавме искрен пристап кога гласаа за Преспанскиот договор. Во моментот се шпекулираше дека ќе гласам за договорот, но во моментот кога се зборуваше тоа, јас завршив со ова раководство, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во емисијата 360 степени на Алсат.

„Јас сум линчувана по секој настап мој од партиски ботови, од раковдството немаат храброст да ми кажат во лице, ништо“, рече Рангелова

Според Нола Исмајлоска-Старова, таа има пријателски однос со Рангелова, особено по референдумот.

„Имаме пријателски односи, после гласањето станавме поблиски, имаше големо прашање за кое размислувавме различно, но ете тоа се покажа дека сме големи луѓе и си кажуваме здраво и разговараме, за разлика од некои колеги. Се сретнавме со Мицкоски за актуелните случувања, но средбата не беше вредна за споменување. Немам впечаток дека сака да не врати во партијата, но имаме прашања кои се ненадминливи. Се спомена и прашањето за името, мислам дека на раководството му беше поважно да не успее референдумот отколку да не се спроведе Преспанскиот договор“, истакна Исмајлоска-Старова.

Според Рангелова, точната бројка кои гласале против на референдумот нема да се знае поради бојкотот, како и дека во историјата ќе излезе дека за промена на името гласале 81 за и нула пратеници против.

„Јас ќе кажам за дента на референдумот, кога претседателот кажа дека секој може да се произнесе како сака, кога го прашав Мицкоски дали е спротивно ако излезам и гласам против, тој рече не, може да излезеш и гласаш за. Праша и Данев, но очигледно не биле искрени“, рече Рангелова.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ