Големо добредојде за Сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Cem Özdemir кој ја прифати поканата на министерот Љупчо Николовски да ја посети Северна Македонија.
– Ова е историска посета, за прв пат федерален министер доаѓа во официјална посета и тоа токму на денот на обединувањето на Германија. Поддршката што ја добиваме од пријателска Германија е значајна и се надеваме дека оваа посета дополнително ќе ја продлабочи и развие соработката, порача Николовски.