Прв состанок на работната група за новиот закон за организација на органите на државната управа

Работната група за изработка на новиот закон за организација на органите на државната управа денеска го одржа првиот состанок на кој беше утврдена динамиката на активностите за подготовка на законот.

На состанокот, како што информира Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), биле разгледани Предлог-акцискиот план и првиот Нацрт -закон. Договорени биле и следните чекори за спроведување на целиот процес.

– На крајот на овој процес ќе имаме 16 министерства кои ќе креираат политики, како и агенции во рамките на министерствата кои ќе ги имплементират политиките и инспекторати кои ќе вршат инспекциски надзор, информира МИОА.

На состанокот присуствувале министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и претставници на релевантни институции, политички партии и граѓанскиот сектор.

Целта на овој процес, како што истакнал министерот Шаќири, е јавната администрација да стане ефикасна и професионална.

Активностите се дел од ИПА проектот „Поддршка за реорганизација на јавната администрација”, започнат во ноември 2019 година во чии рамки беше спроведена и функционалната анализа на институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e