Протоколот за пристапување во НАТО ратификуван и во Велика Британија

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го потпиша Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, со што досега 24 земји-членки го завршија процесот на ратификација, откако денеска претходно тоа го стори и италијанскиот Сенат.

Претходно денеска Протоколот беше ратификуван и во италијанскиот Сенат. Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.

Благодарност за ратификацијата изрази министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук-профил.

– Благодарам Италија! Уште една ратификација на НАТО Протоколот, напиша Шекеринска во статусот.

Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд. Според праксата досега вообичаено е Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e