Пронајдени две гранати на плажа во Охрид

На триесетина метри од плажата пред Центарот за обука на вода на АРМ и во близина на полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на длабочина од околу три метри, пронајдени се две гранати.

Прв ги забележал 35-годишен жител на Охрид, кој за тоа пријавил во СВР Охрид. Полициски службеници извршиле преглед и го означиле местото.

Информиран бил и Центарот за управување на кризи, а на самото место увид извршила и екипа на Дирекцијата за заштита и спасување.

Извор: Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e