Програмата по Кембриџ од идната година и во средното образование

Примената на учебници по наставната програма од Кембриџ за математика и природни науки целосно заврши во основното образование, а од следната проектот ќе продолжи и во прва година средно образование, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Заменик-министерот рече дека се завршени наставните планови и програми за учебници за 113 предмети за средно стручно образование кои досега недостасуваа и дека за 40-ина дена ќе биде објавен повик. Тој истакна дека во следните три години, постепено ќе се менуваат учебниците и во средно стручно, кои ќе да бидат преземени и преведени.

– Согласно договорот што го нудиме, ќе ни бидат понудувани три странски учебници и кој од нив најмногу ќе одговара на наставната програма, тој ќе биде преземен – рече Ристовски.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e