Програма за техничка соработка со МААЕ за 2022-2023, пријавување предлог-проекти до 20 април

До 20 април 2020 може да се пријавуваат предлог-проекти кои треба да бидат во согласност со Програмската рамка за техничка соработка меѓу нашата земја и Меѓународната агенција за атомска енергија-МААЕ (Country Programme Framework 2019-2023). Министерството за образование и наука објави Програма за техничка соработка за проектниот циклус 2022-2023, чија цел е да им помогне на земјите членки во развојот на сопствените програми за одржлива примена на нуклеарни техники во мирновременски цели.

Помошта на МААЕ се реализира преку обезбедување експертски услуги во соодветната област, обука на кадар вклучен во реализацијата на проектот во реномирани центри во земји членки на МААЕ, симпозиуми, семинари, и набавка на нова или надградба на постојната опрема.

Предлог-проектите треба да се од областа на: Унапредување на инфраструктурата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна безбедност; Управување со радиоактивен отпад; Безбедност на храна, земјоделство и здравје на животните; Унапредување на здравствената заштита со примена на нуклеарни техники во дијагностика и радиотерапија и Примена на изотопски техники во различни подрачја (екологија, ветеринарство, геологија, хидрологија итн)

Проектните активности треба да вклучат апликативни нуклеарни техники, а резултатите од проектите да се наменети за крајните корисници. Проектите не смее да вклучуваат базични научни истражувања, за кои МААЕ распишува посебна програма, во чии рамки може да се аплицира континуирано.

Според правилата, за да може еден проект кој предвидува набавка на опрема со вредност поголема од 150.000 евра да биде прифатен за финансирање од МААЕ, институцијата која е подносител на проектот е должна во Фондот за техничка соработка на МААЕ да уплати најмалку 50 проценти од вредноста на опремата. Овој документ/изјава е т.н. Government cost-sharing, со кој земјата ја искажува својата заложба за успешна имплементација на проектот и тој треба да биде составен дел на поднесената проектна документација до Министерството за образование и наука.

Формуларот за пријавување на проектната идеја (Country Programme Note/Proposed Programme), како и сите потребни информации во врска со подготвувањето и пријавувањето на проектната идеја може да се најдат на веб-страницата: http://pcmf.iaea.org. Целта е проектната идеја да се презентира во куса форма, а проектниот документ да се изготви со експертска подршка од МААЕ, откако ќе ја помине потребната евалуација од страна на соодветното техничко одделение на МААЕ.

До 20 април 2020 година е кајниот рок за поднесување на предлозите до Министерството за образование и наука, Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката – Канцеларија за врска со МААЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e