Притвор и потерница по Сеад Кочан

На бизнисменот Сеад Кочан чија фирма “Трансмет” заедно со “Силекс Неметали СТ” и “ВАТО” според СЈО наплатиле незаконски 17 милиони евра државни пари, денеска му е одреден притвор откако кривичниот совет ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство.

Првично, барањето за притвор на СЈО беше одбиено од судијка на предходна постапка.

Советот денеска донел одлука дека, барањето на СЈО е основано, односно осомничениот доколку остане на слобода ќе може да влијае врз сведоци, да избега или да уништи докази за случајот “Труст”.

По Сеад Кочан е распишана и потерница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ