Претседателот Пендаровски: Правата на било кој во оваа земја не треба да зависат од нивната бројност

Ова го рече во вчерашното гостување во „Емисијата 200“ на Алсат, претседателот на државата, Стево Пендаровски. Говорејќи за надминување на вмешаноста на политиката во престојниот попис на населението Пендаровски вели:

„Албанците и да не се 20%, а не може да бидат помалку, за жал сите се селиме, тоа се приказни дека Албанците сега се под 20%, тргнувајќи од тоа дека ние сѐ уште имаме два милиони жители, а немаме. Мојата политичка декларација ќе биде, а ќе ја побарам и од другите политички партии на власт и опозиција…и да си 3% и да си 5% не ги гледај како бројка, тие права ги имаш и можеме да зборуваме само за подобрување на состојбата и на статусот и твој и мој“, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e