Прешова за ветингот: Да не веруваме дека има брзи решенија, не е работата само да ги исчистите судиите (ВИДЕО)

„Да не веруваме дека има брзи и едноставни решенија за комплексни проблеми кои се наталожени и достигнаа некаков зенит за време на претходната власт, кога судството се наполни со прилични партиски лојален кадар, но проблемите датираат од претходно. Проблемите со судството се многу подлабоки од она што се презентира во јавноста“.

Ова во интервју за „360 степени“ го изјави асистентот по уставно право на „Јустинијан Први“ при УКИМ, д-р Денис Прешова, и додава дека не смее да се претставува дека постојат едноставни и брзи решенија, бидејќиветингот на крај може да има одредени други последици.

– Не е работата само да ги исчистите судиите. Како ќе ги пополните местата после тоа. Ние имаме многу прецизни насоки од ЕК и особено од Франција, дека апсолутно нема шанси ниту еден кандидат во судството да влезе надвор од процесот кој оди преку Академијата за судии и јавни обвинители и мора неколку години однапред да се пополнува бројот на испразнети места“, рече Прешова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e