Преодна Влада: СДСМ со истата листа министри и заменици

Социјалдемократите на Централен одбор вечерва гласа за старо- новите решенија на Зоран Заев во преодната влада.
Нема да има измени во имињата на функционерите – истите утре треба да бидат избрани во Министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика, како и и тројцата дополнителни заменици.
Оливер Спасовки се враќа во МВР, Фросина Ременски во труд и социјала,
Кире Наумов повторно ќе биде  дополнителен заменик во финансии, а  Александар Кирацовски во информатичко општество.
Најхрабриот и најекспонираниот во предходната преодна влада, Љупчо Николовски повторно ќе биде во министерството за  земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што јавува Телма, од вечерва ИО на СДСМ има нов член- тоа е  новинарот Мухамед Зекири, кој вчера на сиоцијалните мрежи најави дека се повлекува од новинарството, но не ги откри идните планови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e