Премиерот Заев: Имаме стабилни односи со ДУИ, за соработката на изборите одлучуваат граѓаните

Многу е важно да се фокусираме што ќе им понудиме на граѓаните, без разлика кој со кого соработува. Граѓаните кажуваат на изборите, на крајот како тие ќе определат со гласовите, така и ќе не насочат во делот на идните соработки, затоа што бројките се неприкосновени. Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на прашањето поврзано со изјавата на потпретседалот на партијата Мухамед Зеќири дека не сака да коалицира со ДУИ.

„Имаме стабилни односи со ДУИ и фала Богу на слободата и кога имаме некои нееднаквости, кога имаме  несосгласувања тие излегуваат на површина и тоа е причина и да ги решиме проблемите. Ние сме демократска партија. Јас се гордеам со демократијата во СДСМ и секако правото на дискусија, слободата, на различно мислење внатре постои. Но дефинитивно СДСМ имаме одлична соработка. Бевме партнери и кога се носеа најтешките одлуки за државата. Се радуваме за економските успеси и таа соработка е за добробит на сите граѓани во оваа наша земја, а секако дебата е отворена. Постои и одредено несогласување и одредени поединци во ДУИ кон СДСМ, па да не зборуваме и за сите други политички партии, и сето тоа покажува дека сме различни“, потенцираше Заев.

Премиерот истакна дека имаат одлична соработка и со опозициските партии од албанскиот блок за најважните прашања и оти и тие и до денес се на располагање за соработка.

„Тие беа тука кога требаше да се поддржи државата да ги оствари своите стратешки аспирации НАТО и ЕУ, поддржувајќи го Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, но секако поддржуваји ги уставните промени“, изјави Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e