Премиерот Заев: 3.000 денари месечно за сите млади во производна дејност!

„Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно, за сите млади во производна дејност! 3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица ангажирани кај работодавач од производствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и на млади земјоделци со социјално осигурување“, сподели премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Поттикнуваме вработување на младите лица во производство по завршување на средното образование. Оваа мерка ги задоволува и потребите на работодавачите за квалификувана работна сила. Создаваме силна економија во која постои шанса за сите млади луѓе“, сподели Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e