Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Лашкоска предложи Собранието да се укине

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, предложи Собранието да се укине, Владата да ги носи сите одлуки, а парламентот да се пренамени во музеј. Ваквиот предлог на Лашкоска доаѓа затоа што тврди дека парламентаното мнозинство ги аминува сите одлуки на Владата, па дури и тие што се неуставни и незаконски.

Неуставно според неа е разрешувањето на претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по предлог на Владата.

-Дајте му на Заев и Владата што сакаат да прават во оваа држава. Собранието укинете го, најдобро решение е парламентот да се пренамени во музеј. За жал ова повеќе не е парламент, беше до пред некое време. Сте решиле, терајте, сменетете ги, но дали размислувате за последиците кои ќе ги предизвикате. Ќе ја оставте Комисијата без членови, подолг оериод нема да работи, само ќе се трупаат предмети – рече Лашкоска.

Таа праша законска можност дозволува Комисијата во јули2018 да се разрешува за извештај од јули 2016 година.

-Зошто сте решени се да терате на сила и да се мешате и во регулаторните тела? Ништо од тоа што го зборувавте додека бевте во опзоциија, не го применувате. Терајте, луѓето гледаат и судат – порача таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e