Прашањето за почнување на преговорите со ЕУ повторно на маса?

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и Албанија на маса во ноември на советот за општи работи (ГАК) кој ќе се одржи на 19-ти ноември. Од Владата за „Телма“ потврдиле дека и премиерот Заев е поканет во Рим.

Во меѓувреме, францускиот претседател Eмануел Mакрон се очекува да ги посети Aлбанија и Северна Македонија наредниве месеци, пишува албанскиот портал Егзит, повикувајќи се на дипломатски извори во Тирана.

Се чини дека Макрон има за цел да им докаже на Албанија и Македонија дека европската перспектива за двете земји е отворена и Франција ќе помогне во остварување на нивната цел, анализира порталот Егзит .

Дипломатски извор потврдил дека како знак на поддршката на Франција за Албанија, Макрон ја основал во Тирана канцеларијата на француската агенција за развој, која ќе спроведе француска помош за развојни проекти во Албанија. Овој чекор веројатно ќе означи зголемување на француската помош, која досега не беше важен донатор на Албанија.

Ознаки: , , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e