Позајмил возило на користење и наместо да го врати го продал на автопазар

СВР Битола поднесе кривична пријава против У.А. (31) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „измама“. На крајот од ноември 2016 година пријавениот, од лице од Битола изнајмил на користење ПМВ марка „Шкода Октавија“,  при што дневно требало да му плаќа по 900 денари. Договорот бил пријавениот да го има возилото 10-11 денови, со тоа што првично платил 2000 денари, а остатокот од парите да му ги исплати за неколку денови. Пријавениот, и во текот на 2016 и во текот на 2017 година, не го вратил возилото. На крајот на февруари пријавениот, на автопазар во Битола, го продал наведеното возило на лице од Битола, со што на оштетениот му предизвикал материјална штета од 150.000 денари, стои во дневниот билтен на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e