Попоски: Владата ќе постапи по дел од барањата на Турција

Владата на затворена седница донела одлука да постапи по дел од барањата од Турција што беа испорачани по неуспешниот обид за пуч, изјави Никола Попоски, министер за надворешни работи за радио „Слободна Европа“.

Попоски рече дека не може да коментира одлуки донесени на затворена владина седница и затоа не може да каже што конкретно побарала Турција, ниту пак какви мерки ќе бидат преземени.

„Имавме конкретни барања по воениот пуч во Турција и во однос на тие барања нашиот став е јасен и недвосмислен. Нема никакви дилеми дека ги поддржуваме демократски избраните институции во Турција. Во однос на нивните конкретни барања, владата на затворена седница донесе одлуки и ќе постапуваме по нив. Не би можел да кажам што конкретно е побарано, ниту пак што ќе биде преземено, затоа што тоа се одлуки донесени на затворена седница на влада. Во однос на барањата од Турција, ние мораме да се водиме од нашите национални интереси и нашето законодавство, значи било која мерка која би била преземена би била преземена би била во склад со нашите интереси и законодавство“, рече Попоски.

Тој додаде и дека во однос на Турција има работи кои можат да се спроведат и има работи кои не можеме да се спроведат, а границата ќе биде македонските интереси и македонското законодавство.

Турската влада по неуспешниот обид за пуч од неколку балкански држави побара да се затворат приватни училишта и невладини организации за кои се сомнева дека се поврзани со движењето на Ѓулен, Хизмет. Такво барање беше доставено и до македонската влада, но до ден денес оттаму не открија кои се точно барањата, нити пак дали дел од нив се веќе исполнети.

Во Македонија, на тапет на Ердоган се најдоа училиштето Јахја Кемал, неделникот „Заман Македонија“, организацијата „Седеф“, агенцијата „Башак“, компанијата  „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР.

Извор Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e