Поддршка од САД и Франција за членство на Северна Македонија во ЕУ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и францускиот министер за надворешни, Жан-Ив Ле Дриан изразија поддршка за членство на Севрна Македонија во ЕУ на маргините на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за пораз на исламската држава, соопшти Стејт департментот.

Освен за напорите за траен пораз на ИД, се разговарало и за важноста на НАТО, за континуираната трансатлантска соработка за одговор на заканите по заедничките безбедносни интереси и за важноста од пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.

„Помпео и министерот за надворешни работи Ле Дриан разменија мислења за важноста од пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, за поддршката на Украина и за одговорноста на Иран за тековните провокации“, стои во соопштението од Стејт Департментот.

Државниот секратар ја искажал цврстата посветеност на Администрацијата во НАТО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ