Потписниците на договорот во Пржино, Заев, Груевски, Ахмети и Тачи придружувани од Шекеринска, Дескоска, Тодоров, Груби и Алиу пристигнаа во клубот на пратеници каде заедно со посредство на американскиот амбасадор Џес Бејли и претставник од канцеларијата на ЕУ во Скопје треба да решат дали се исполнети условите за одржување на предвремени парламентарни избори во декември.
Последен како и секогаш со задоцнување од дури 40-тина минути дојде претседателот на Вмро-Дпмне по што состанокот започна.
Прашањето околу петтиот член на ад-хок телото сеуште е отворено. Очекуваме да видиме дали лидерите ќе успеат да го затворат и ова прашање.