-За прв пат во историјата жените земјоделки може да користат платено отсуство за мајчинство, во висина од 81.000 денари како еднократен надоместок, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерот Николовски изјави дека ова е преодно решение со кое им се помага на жените земјоделки.
Активно, заедно со МТСП и НФФ работиме на подготовка и донесување на системско решение за уредување на оваа проблематика, рече Николовски.
Целото интервју од гостувањето на министерот Николовски во Тема на денот на Сител ТВ, погледнете го на видеото подолу: