Платата на шумските полицајци ќе се зголеми за 30 отсто

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата вчера ја разгледала информација за унапредување на работничките права преку Колективен договор со што овластените службени лица во шумска полиција се стекнуваат со право на работа во смени, на ноќна работа и на државни празници.

ljupcho

– Ова значи дека со усвојувањето на оваа информација овластените службени лица во шумска полиција ќе имаат околу 30 отсто повисоки примања во текот на секој месец, со тоа што оваа мерка ќе биде имплементирана по првиот ребаланс на Буџетот во текот на 2018 година, изјави Бошњаковски.

1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e