Пицула: Одбивањето на С. Македонија и Албанија не е поради недостаток на реформи

Мислам и се надевам дека Европската Унија ќе ја исправи грешката со Северна Македонија и Албанија, рече европратеникот од Хрватска, Тонино Пицула во интервју за емисијата 360 степени.

„Тоа на некој начин претставува извесен шок. Без разлика на природата на одбивањето од страна на Макрон, мислам дека поглемиот број на земји се уверени дека е погрешна одлуката но и дека мора тоа да се исправи што побргу. Не би рекол дека причината за одбивањето на Макрон е недостаток на реформи во земјите. Тој не ни рече дека нема реформи во Северна Македонија и Албанија, рече Пицула.

Европратеникот вели дека владата на премиерот Зоран Заев неколку пати настапила храбро, кога на проблемите им гледала во очи.

„Мислам дека неговата причина во поголемиот дел од причината е внатрешните случувања во Франција, тој настапи како француски, а не е вропски политичар. Макрон по Брегзит и по заминувањето на Меркел од власт сака да биде голем фактор, но тоа мора да го докаже и примени. Проблемот со промена на името е многу клучно решение. Владата тоа го направи, секако во партнерство со грчката влада. Се реши и проблемот со Бугарија. За жал, ЕУ не одговори на начин на кој ние во ЕП би сакале. Таа криза се осети исто така и кога косово беше соочено со барања за да им се ослободат граѓаните за патување без виза. За жал, ова претставува негативен континуитет од страна на ЕУ, се надевам дека тоа ќе престане“, истакна Пицула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e