Петровска: Полицијата малку попушти со дисциплината, но по снимките и критиките се вклучи алармот, издадени се инструкции, има дополнителни контроли

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во интервју за „360 Степени“ одговараше на прашање за тоа колку припадниците на полицијата ги спроведуваат мерките за заштита од корона-вирусот, меѓу кои полицискиот час и носењето заштитна опрема, посебно после снимките на кои се гледа како тие им се приклучуваат на граѓантие во кршење на полицискиот час.

Петровска вели дека се работи за поединци, односно за исклучоци.

„Сепак, констатиравме, мој личен впечаток беше дека изминатиот период полицијата малку попушти со дисциплината и сега не би навлегувала, имаше поприлично големи дебати во јавноста, но оние снимки кои излегоа и критиките кои јас ги сметам за добронамерни, го вклучија алармот во МВР, издадени се инструкции и за дополнителни контроли врз полициските службеници кои ги спроведуваат овие мерки, а со цел успешно нивно спроведување“, вели Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e