Петровска: Не е точно дека полицијата врши притисок врз верници, остваруваме комуникација со верските челници за да нема непријатни ситуации

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во интервју за „360 Степени“ зборуваше за реакцијата на ИВЗ со која се обвинува полицијата за упади во џамиите.

„ИВЗ реагираше денеска, веројатно погрешни информации стигнале до нив дека полицијата влегла во џамиите и дека се обидува од таа позиција да направи притисок врз верниците и врз челниците на ИВЗ, што не е точно. Полицијата во изминатиот период, и од кога почна особено спроведувањето на мерките на владата за борба против вирусот, успешно во рамките на својата превентивна улога остварува комуникација со поглаварите на верските заедници, меѓутоа остварува комуникација и со намесништвото или челниците во верските објекти. И тоа го правиме со цел да не се создадат непријатни ситуации какви што имавме прилика да ги видиме и да оствариме поблиска комуникација со цел мерките на Владата да бидат доследно спроведени“, вели Петровска.

Таа прецизира дека не се работи за влегување во верски објекти, туку за остварување телефонски контакти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e