Петровска: Македонија сега е дел од Алијансата и обезбедува гаранција за регионалната безбедност

Партнерството во НАТО е уште една можност да се покаже силата на Алијансата и да се учествува на рамноправна основа во процесот на осигурување на нашата одбрана и безбедност, изјави министерката за одбрана на Македонија Славјанка Петровска за надворешната политичка програма на БНТ „Светот и ние”.

-Ако до пред неколку години Република Македонија, која е дел од овој регион, бараше да биде заштитена, сега е дел од заштитата и обезбедува гаранција за регионалната безбедност. Во Брисел се одржува состанок на Воениот комитет на НАТО, на кој едно од прашањата за кои ќе се разговара е формирање борбена група во источното крило на Алијансата, која ќе биде во Бугарија под италијанска команда, рече министерката.

Таа додаде дека Македонија има политичка волја да учествува во него, а постои и јавна поддршка.

Соработката меѓу Бугарија и Македонија во областа на одбраната, според неа, е на одлично ниво и ќе се продлабочува. Министерката Петровска истакна дека Македонија е многу задоволна од образованието на своите офицери на бугарските воени универзитети и особено на Воената академија во Софија.

Министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска, информира дека го поканила министерот за одбрана на Бугарија Драгомир Заков да го посети Скопје.

-Овој состанок е одличен знак дека како членки на НАТО Бугарија и РСМ имаат исклучително важна улога во регионот за одржување на стабилноста и безбедноста. Пред нас и идните генерации имаме многу важна задача – никогаш повеќе Балканот, а особено Западниот Балканот, да не се споменува како буре-барут во Европа. Одговорност на двете страни е да се погрижат тоа да продолжи да биде случај и во иднина – Балканот никогаш да не биде извор на тензии и воени конфликти во Европа, кажа Заков по средбата со Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e