Петров: Од следните избори СДСМ на листите со 50 отсто застапеност на жените (ВИДЕО)

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на денешната граѓанска трибина во Гостивар посочи дека факт е дека партијата направи се за влез во ЕУ, но и дека испорачани се резултати и ќе продолжат да испорачуваат резултати.

„Факт е и дека за само две и пол години, се изградија и реновираа над 500 километри патишта што е околу 200 километри годишно, додека во време на ВМРО-ДПМНЕ годишно тоа беше по 60 километри. Факт е и го стабилизиравме пензискиот фонд, пензиите растат од 700 до 900 денари, а беше оставен со огромна дупка. Факт е и дека минималната плата од 9.000 денари порасна за 5,500 денари односно денес имаме 14.500 , а просечна плата повисока за околу 2.300 денари“, порача Петров.

Како други факти со кои се потврдува заложбата на оваа Влада, Петров ги наведе и укинувањето на радиодифузната такса, намалување на сметките за парното, воведување на социјални пензии и инвестиции во земјоделството.

„Денес од овде од Гостивар посебно сум горд што можам да кажам дека од следните избори на нашите листи ќе имаме 50 отсто застапеност на жените“, истакна Петров.

Петров посочи дека институциите кои ги водат жени факт е дека покажуваат особени резултати.

„Такви жени, кои посебно се истакнаа како стручни и многу посветени, а тоа резултираше со огромни успеси. Чест ми е што имаме жени кои во своите ресори даваат инзоредни резултати. Меѓу нив се и Мила Царовска, Ѓулумсер Касапи, Мила Царовска, Нина Ангеловска, а со чело на Радмила Шекеринска стануваме членка на НАТО тоа се жени кои водат институции кои се од втално значење за државата и даваат одличен пример. Со ваков тим на на 12 април победуваме!, посочи Петров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e